“Неколку пати сум кажал и пак ќе повторам дека со бегање не се решаваат проблемите. Мојот стил на живеење не е да бегам”, ќе се пофали Сашо Мијалков за по три години да исчезне непосредно пред носење на пресудата. Имиџот на бестрашниот Мијалков кој секогаш стои на “браникот на татковината” се чини дека ќе заврши кукавички. Но, вистинското прашање е: Кој ова го дозволи. ИРЛ направи хронологија на настаните, а…
Администрацијата на СДСМ вети бесмилосна борба со корупцијата и криминалот и конечно ресторирање на институциите задолжени да го спроведат владеењето на правото. Се отиде дотаму, што се постави и специјален вицепремиер задолжен да ја води борбата со корупија. Во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл објавен денеска, Македонија се наоѓа на 111-то место од 180 држави. Во друштво со Панама, Босна и Херцеговина и Монголија, земјава го бележи најниското рангирање од…
Мевлудин Алити кој се товари за бесправно градење, додека траеше истрагата за неговиот случај почна да го обновува срушениот објкет. Овој пат, општината Чаир вели дека објектот не е дивоградба, затоа што инвеститорот имал законско право да го обнови објектот со лесна метална конструкција. Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинение за Мевлудин Алити, инвеститорот кој на местото на изгореното кафуле „Фонтана“ на платото на трговскиот центар „Мавровка“ градеше објект…
Синдикатот на новинари и медиумски работници испрати реакција по непримерната комуникација на советничката на премиерот Заев за медиумски активности, Елена Митева, со новинарите од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија. ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. „ССНМ…

















