Press "Enter" to skip to content

Злосторство без казна: Убиството на Оливер Ивановиќ

Ја најави лично Вучиќ, но и по една година од убиството на Оливер Ивановиќ, српското обвинителство не отворило истрага. Исчекор единствено направија  косовските истражни органи кои во ноември ги приведоа првите осомничени. Меѓутоа, ниту нивната истрага не доведе до имињата на извршителите и наредбодавачите. Истовремено, оние кои до скоро јавно го напаѓаа и оцрнуваа, сега сакаат да се прикажаат како најголеми „душегрижници“  за расветлување на смртта на Ивановиќ.   Пишува: Бојана…

Истражувања без реакции: Како Македонија се вмеша во меѓународен шверц на муниција

Проектот „Кучиња на војната“ откри како цела мрежа на држави од Балканот, Југоисточна и Источна Европа помагала шверц на стара и озогласена муниција од резервите во Албанија. Не било каква муниција, туку таква која што одамна требало да биде уништена. Македонија има централна улога во оваа крими-приказна. На ова истражување работеа новинари од пет држави, а се вложија повеќе од 6 месеци напорна работа во ризични услови. По повод Меѓународниот…

Српско-руски шпионски игри за “македонско сценарио”

НОВА ТВ ви открива како се убива мирот и стабилноста на една држава и еден регион. Главните актери во ова приказна се странски служби, домашни шпиони и политички агенти преправени во новинари. Сите во функција на скриените агенди на мали и големи држави. Настаните се локални, но играта е глобална и ги отсликува растечките тензии помеѓу Западот и Истокот во таканаречната пост студена војна – термин којшто годинава за прв пат беше…

Тајните играчи од САД позади македонските „фејк њус“ велешки сајтови

Македонската таканаречена фејкњус индустрија од Велес имала и американски врски со познати конзервативни автори, а во моментов се води и меѓународно истражување за можни координирани меѓународни акции во медиумската пропаганда. Се истражува и што барала руска државјанка во Македонија непосредно пред изборите за претседател во САД во 2016. Не било кој, туку Ана Богачева, дел од обвинението на Роберт Милер во американската истрага.  Автори: Сашка Цветковска, водечки репортер Ко-автори: Аубри…