Изборната кампања започнува следната среда, но партиите почнуваат безмилосна трка. Денеска граѓаните беа бомбардирани со испитувања на јавното мислење. ИРЛ открива дека ВМРО-ДПМНЕ крие дека е нарачател на една таква анкета и не ја споделува целата. Постојат сомнежи и за веродостојноста на оваа анкета. Другата анкета, која оди во прилог на СДСМ е протечена во медиумите, иако ја правела меѓународна организација која што се уште ги нема објавено наодите. Медиумите…
Повеќе од 6.000 амандмани се поднесени на двата предлог закони за имени и дополнување на Изборниот законик, поднесени од помалите политички партии, кои добија поддршка од владејачката СДСМ. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица со 120 избрани пратеници, а вториот предлог-закон се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници. 5000 амандмани се поднесени од ДУИ, а 600 амандмани…
Пратеничкиот мандат на актуелниот состав ќе заврши на 11.февруари, информираше денеска на брифинг со новинарите, собранискиот спикер, Талат Џафери. Со оглед на најавените избори за 12.април, претседателот на Собранието рече дека на ден по распуштањето на Собранието, ќе бидат распишани и изборите, односно како што предвидува Уставот, 60 дена до денот на одржување на истите. „До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба…
„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години, што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…

















