Press "Enter" to skip to content

Бесплатна правна помош за граѓаните што ќе пријават проблеми со здравствениот систем

По објавувањето на истражувачкиот документарен филм „Нечиста крв“, граѓаните кои имале ист или сличен проблем како семејството Брезеви, започнувајќи од утре ќе добијат бесплатна правна помош од Mакедонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет. ИРЛ, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншки комитет за човекови права денеска се договорија за бесплатна правна помош за граѓани кои имале проблем со здравствениот систем во земјава. Оваa соработка за помош доаѓа откако…