Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска беа првите сведоци кои денеска беа испитани во Кривичниот суд во случајот против Жан Митрев. Едната изгубила татко, другата изгубила сопруг. Двете кажаа дека се чувствуваат измамено и имаа оштетни побарувања. За двата сведока пресудно во одлуката каде ќе се лекуваат нивните блиски биле промоцијата на хемофилтрацијата како најуспешен начин за лекување на вирусот Ковид 19. Со денешното сведочење на Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска…