Легализација на дивоградби преку еколошки „зелени“ мерки. Независниот пратеник Скендер Реџепи на досетлив начин преку измени во Законот за градење, предлага сите нелегални куќи и згради кои на покривот имаат инсталирано соларни панели за производство на струја, да добијат статус на легални објекти. Документот е пред пратениците и доколку пратениците гласаат „за“ се отвора можност да се легализираат сите дивоградби низ Македонија. Известуваат: Маја Јовановска и Ивана Настеска/Илустрација: Лука Блажев…
Меѓу одбраните кандидати има и такви на коишто не им пречат нападите од политичари врз Антикорупциската комисија, кандидати со судир на интереси и такви коишто на интервјуата одбивале да одговараат на прашања коишто би можеле да вознемират некој политички или економски моќник. Претставникот на цивилниот сектор во комисијата за селекција, Снежана Камиловска Трпковска цени дека најдобрите извисиле, а слабите кандидати со лоши интервјуа добиле највисоки оценки од партиите и од…
Не запира скапата Фејсбук и Инстаграм промоција на премиерот Димитар Ковачевски. Само во последните три месеци СДСМ потрошила 18 илјади евра за да ги рекламира неговите активности на социјалните мрежи. Антикорупционерите не успеаја да откријат дали за објавите на личните профили на Ковачевски се трошеле државни пари оти Владата не соработувала со нив. Откако стана премиер, спонзорираните објави на Димитар Ковачевски достигнаа 82 илјади евра. Известува: Лила Караташева/Илустрација: Лука Блажев…
Потрагата по тајниот автор на измените во Кривичниот законик не донесе до името Мартин Костовски – или барем до компјутерот од којшто се креирал документот со измените во Кривичниот законик. Со ова име се совпаѓа името на пратеник од СДСМ, но тој негира дека ги правел измените, а од утре ќе проверува дали некој во парламентот го креирал документот од неговиот компјутер без да знае. Институциите одбиваат да кажат кој…

















