32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…