По само еден месец, министрите носат две различни одлуки поврзани со концесиите за ископ на бакар и злато на фирмата „Еуромакс ресоурцес“. Ако на 27 јуни, полутајно без информации за јавноста премиерот и министрите одлучија да ги спојат концесиите, денеска под притисок на новинарите и јавноста одлучија да си ја поништат одлуката за спојување. Одлуката била политичка. Шансите на „Еуромакс ресоурцес“ за отварање на рудникот се намалија но се зголемија…