Оставка од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска побара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Нивното барање доаѓа од незадоволството од истрагата на обвинителството за изгорената модуларна болница во Тетово каде 14 лица го загубија животот. Порачаа дека доколку Јовески не си поднесе оставка, ќе смислат други начини со кои ќе го изразат незадоволството. Од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бараат Љубомир Јовески да ја…