Маја Јорданова преку адвокатот Тони Менкиноски тврди дека ИРЛ објавило „определени невистини, аналогии и интерпретации“, но освен рецензија на нашето истражување и објаснување на нејзините емоции, тие не ги демантираат фактите објавени во текстот од 13 јуни насловен „Службеничка од пошта ги штитела електраните на ЕСМ од пепел, пеплосан државниот буџет“. Во својот допис наречен демант, а повикувајќи се на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, таа бара да го…