Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи. Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат премиерот како успешен. Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните. Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови…