Лекарска грешка е практично невозможно да се утврди. Оваа констатација не е само субјективно гледиште на јавноста, туку тоа се потврдува и од судските пресуди и одземените лиценци од страна на Лекарската комора. Наместо да ја штити фелата од „расипаните јаболка”, Лекарската комора спречува жртвите на лекарски грешки да добијат шанса за разврска и правда. Во последниот поткаст на ИРЛ „Разговор во редакција“, на оваа тема разговараа новинарките Сашка Цветковска…