Истражувањето „Зелени тајни“, преку случајот со малите хидроцентрали, по првпат документира процес на трговија со влијание и дава вистински приказ на заробената држава. Жртва биле највредните национални богатства, како Националниот парк „Маврово“. Во текот на една деценија Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети испорачале блокирање закони и студии, креирале нови и поволни регулативи за бизнис-секторот и така ја овозможиле деструкцијата на националните богатства. По првпат прикажуваме како функционирала мрежата од државни…
Галичката свадба е значаен дел од македонското културно наследство, а вековно старите стилски куќи се заштитени со закон. Но, ИРЛ открива институционални напори насочени кон тоа да го приватизираат и да го комерцијализираат галичкото културно наследство. Позната како „Куќата на зетот“, Вила Доста, која ја поседува државата, е во опасност. На барање на месната заедница Галичник, во дубиозни процеси општината одобрила трансформација на сопственоста на објект којшто го поседува самата…