Наташа Крстева Цалева е новата обвинителка на местото на суспендираниот обвинител Миле Арсениевски и го застапува обвинението за делото „Измама на потрошувачи“ против „СЛЦ Груп“ и Андријана Павловиќ кои што го продаваат спорниот суплемент „Слимлајн адванс“. Поради бројните отсуства на Арсениевски и изминати 90 дена од последното одржано рочиште, денеска постапката почна од ново. Исказ пред Судот даде сопственичката на „Слимлајн“ Марија Костовска. Таа одби да одговори на прашањето на…
Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…















