Press "Enter" to skip to content

Што треба да знаеме за војната што Градот Скопје ја отвори со младинскиот фронт од МКЦ

Кога младинските бендови организираа протест против опасноста од политизирање на нивната неформална матична институција, Младинскиот културен центар (МКЦ), не ни помислуваа дека политичарите ќе поведат вистинска мала војна против  младите од алтернативната сцена од Скопје и цела Македонија. Жртва на таа војна не е сменетиот директор или амбициите да се постави друг човек, туку младинските политики и движења кои се политизираат и убиваат уште пред да започнат.