На десетици локации низ Скопје се изградени нови објекти со подземни гаражи до кои со возило не може да се пристапи. Општините одобренија за градба издаваат само со приложен сообраќаен проект и во „доверба“ дека пристапна улица некогаш ќе се изгради. Наместо прво да се направи инфраструктура, па дури потоа да се издаваат одобренија за градба, во Македонија е обратно – прво се градат објекти, па потоа се гради инфраструктура.…