Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…