Press "Enter" to skip to content

„Разговор во Редакција’: Владиниот пиар и избришаната линија меѓу партијата и државата

Јавните настапи на политичарите се еднонасочни, а се почесто нивна целна група се само партиските бази. Ретко кога премиерот или министерите ги информираат граѓаните за важни информации преку социјалните мрежи бидејќи нивниот ПР овие платформи најчесто ги користи за нивна лична промоција. Ако одредена објава има ефект кога се однесува на македонски политичар, новинарските факти и докази не важат за политичари од ДУИ, оти тие одговорност полагале само пред лидерот…