Легализација на дивоградби преку еколошки „зелени“ мерки. Независниот пратеник Скендер Реџепи на досетлив начин преку измени во Законот за градење, предлага сите нелегални куќи и згради кои на покривот имаат инсталирано соларни панели за производство на струја, да добијат статус на легални објекти. Документот е пред пратениците и доколку пратениците гласаат „за“ се отвора можност да се легализираат сите дивоградби низ Македонија. Известуваат: Маја Јовановска и Ивана Настеска/Илустрација: Лука Блажев…