ВМРО-ДПМНЕ најавија објект за 650 вработени, СДСМ тврдат дека има место само за 350 градски административци. Двете страни ги користеа бројките за да ги поткрепат своите спинови, едните да ја оправдаат зделката, другите да го одбранат објектот којшто го изградија. А вистината, како и по обичај, некаде на средина. Според „Проектната документација“ која ИРЛ ја доби од Град Скопје, во Градската куќа има место за 450 вработени, односно 200 помалку…