Пензионерот Богдан Дамјаноски кој склучи договор за купување на 1 ТВ ќе го раскине договорот, соопшти тој предмалку за ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал…
„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. На ова прашање, Дескоска рече…