Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е приведен од хотелот Мериот и однесен во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Од СЈО за ИРЛ изјавија дека Мијалков е притворен за случајот „Тврдина – Таргет“ за масовното нелегално прислушување и му е одреден 30 дневен притвор. Директорот на затворот Ѓоко Котевски ни потврди дека вечерва во Шутка донесен Мијалков. Пред само една недела специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека нема…














