20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…
Адвокатот и советникот на премиерот Миле Зечевиќ е предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години доаѓа како предлог на А.Д. „Пелистерка“. Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата…
Истрагата на СЈО за случајот „Империја“ во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков водат и кон „Фершпед“. СЈО обезбеди докази како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска, еден од мнозинските сопствениците да ги продаде акциите во „Фершпед“. Медиумите во тој период, 25 декември 2013, објавуваат информации дека сосема неочекувано Кираца Трајковска го продала својот удел од 11 проценти во компанијата. „Потегот на Трајковска, која ги продаде…
Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…

















