„Швајцарски тајни“ е меѓународна истрага за една од најбогатите и најважните банки во светот. Повеќе од 163 новинари од 48 медиуми во 39 земји ширум светот со месеци ги анализираа информациите за банкарските сметки протечени од „Кредит Свис“, вториот по големина кредитор во Швајцарија. Протекувањето опфати повеќе од 18 000 сметки на кои се чуваат преку 100 милијарди американски долари. Тоа за новинарите е единственото познато истекување податоци за клиенти на…
Минчо Јорданов го темели својот успех на остатоците од општествените претпријатија и на контроверзни државно спонзорирани зделки. Но, додека ја градел бизнис-империјата, истовремено чувал милиони на непријавени сметки во Швајцарија. Податоците што беа споделени со германскиот национален весник „Зидојче цајтунг“ и Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриваат досега непознати детали за патот на Јорданов од социјалистички службеник од јавен интерес до балкански тајкун. Известуваат: Сашка…















