Press "Enter" to skip to content

Направи сам и прогласи се за победник: Вистинските луѓе позади анкетите од партиските фиоки

ИРЛ открива како цели фамилии на членови на ВМРО ДПМНЕ создаваат лажни рејтинзи во лажни институти. Американските пријатели на Виктор Орбан мерат изборен рејтинг во корист на Мицковски. Брима Галуп не е Галуп, а познати агенции играат за партиите наместо за довербата на граѓаните. Медиумите ги кршат законите за објавување на рејтинзи, но поради пропуст во Изборниот законик, ДИК нема механизам да казнува. Пишуваат:Маја Јовановска и Сашка Цветковска Дополнително известување:…

Мистериозни анкети во функција на партиски информациски војни

Изборната кампања започнува следната среда, но партиите почнуваат безмилосна трка. Денеска граѓаните беа бомбардирани со испитувања на јавното мислење. ИРЛ открива дека ВМРО-ДПМНЕ крие дека е нарачател на една таква анкета и не ја споделува целата. Постојат сомнежи и за веродостојноста на оваа анкета. Другата анкета, која оди во прилог на СДСМ е протечена во медиумите, иако ја правела меѓународна организација која што се уште ги нема објавено наодите. Медиумите…