Press "Enter" to skip to content

Случај „Рекет“: Јанева осудена на седум, Јовановски доби девет години затвор

Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е првостепена и осудените имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори лани на 15 јули, кога беше…

Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на приказната за КОВИД-19 тестовите (1/2)

Приватното тестирање на КОВИД-19 почнува широко да се распространува. Пионер беше болницата „Жан Митрев“ за чии што етички принципи во наплаќањето екстра за итни тестови пишувавме вчера. Од денес тестови се прават и во болницата „Систина“. Но, тестовите во „Систина“ може да покажат дали болните го прележале вирусот, но не и да се детектира присуство на вирусот. Оваа приказна испитува дали граѓаните имаат доволно информации од страна на понудувачите на…

Рекет: Во кого (не) се вперени очите на правдата

Случајот „Рекет“ е медиумски најекспонираниот случај за 2019 година. Според критичарите, тивко, а можеби и организирано, „Рекет“ го помогна потопот на Специјалното јавно обвинителство. Според власта, но и самите обвинители, ова е случајот којшто покажал колку оваа влада е подготвена за борба со корупцијата со оглед на тоа што во “Рекет” се опфатија и функционери од владејачката партија.  Едно е сигурно, “Рекет” ги изнесе на виделина врските помеѓу политиката, правосудниот…

Репортажа од судницата: Првата дама во одбрана на империјата

Ана Камчева е адвокат. Во јавноста, пак, предизвикува повеќе внимание како жената на контроверзниот мултимилионер Јордан или Орце Камчев. Во времето кога нејзиниот сопруг беше близок со Сашо Мијалков, тие често беа таргет на забавниот печат кој што пренесуваше фотографии од ноќните излегувања на двајцата моќни фунцкионери и бизнисмени со нивните сопруги. Побратимството неодамна се расипа, а Мијалков и Камчев минуваат бајаги време бавејќи се со судиии и обвинители. Првиот,…