Институциите газат на прсти околу имотот на судиите. Комбинацијата недостиг на закон за потекло на имот, поделба на надлежности и недостиг на ресурси на Државната комисија за спречување на корупцијата ја комплицира борбата против корупцијата. Имотот на петмина судии, кои беа посочени од американскиот Стејт департман, се испитува веќе две години. Новинарка: Лила Караташева Илустрација: Лука Блажев Поминаа две години откако американскиот Стејт департман именуваше петмина македонски судии кои дозволиле…
Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство. Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде…