Press "Enter" to skip to content

Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите „исчадиле“ кај Вице Заев во Бугарија

Истражувањето открива како со помош на мрежа од компании и посредници раководството на ЕСМ дозволило државата да купува поскап јаглен со цел некои компании и бизнис-моќници со силни политички врски оваа криза да ја искористат како шанса за сопствено богатење врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја. Од 2022 година до денес компанијата ЕСМ склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што било…

ЕСМ со тужба до Управен суд спречува објава на информации за јагленот и мазутот

Електрани на Северна Македонија ја тужи Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи два пати позитивно одлучи, новинарите на ИРЛ да ги добијат сите договори за набавка на јаглен и мазут за енергетски кризната 2021 и дел од 2022 година. Судењето во Управниот суд е закажано на 26 март. Известува: Бојан Стојановски; Графика: Лука Блажев Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) поднесе четири барања за…

Се најде јаглен за ТЕЦ Осломеј или само една десетина од потребните ресурси за крпење на престојната зима

Јаглен се нашол за ТЕЦ „Осломеј“, но не и за темелот на македонската енергетска инфраструктура РЕК „Битола“ чиишто капацитети чинат повеќе од две третини од вкупното домашно производство на струја. Јагленот набавен за ТЕЦ „Осломеј“ е само 10 проценти од потребните 1 милиони тони јаглен потребни за решавање на длабоката енергетска криза. Известува: Бојан Стојановски Електрани на Северна Македонија успеала да обезбеди јаглен за ТЕЦ „Осломеј“ во количини доволни за…