По седум години поминати без да инвестираат ниту едно евро од ветените 73 милиони, сопствениците на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“, на средба со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов барале да добијат уште една шанса да ја модернизираат депонијата. Италијанците затропаа на вратата на градското собрание откако Шилегов најави дека новоформирана комисија ќе избере нов приватен партнер на Градот кој ќе инвестира во депонијата. Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ во понудата која…
Италијанската компанијата „ФЦЛ Амбиенте“ која е концесионер на Дрисла во првите пет години требаше да инвестира 73 милиони евра. Иако досега од најавените инвестиции нема ништо, Италијанците заедно со партнери од Лондон пред еден месец отворија фирма за производство на струја До 2016 година депонијата Дрисла ќе стане модерна европска депонија и ќе работи по стандардите на италијанската депонија „Белведере“. Оваа изјава на Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје дадена…