Една дозвола за градба од 1991 година, една понова за доградба на хотел кој што не постоел и неколку замижани институции биле потребни за да се изгради првиот станбен комплекс до ски терените во Маврово. Сето тоа се направило на државна земја која што инвеститорот Пелагонија АД Гостивар ја купил по цени десетина пати пониски од пазарните. Голем дел од хотелите градени во минатиот систем и ден денеска предизвикуваат воздишки…