Поволна кирија за телохранителот на поранешниот премиер или таква која нема никаква пазарна логика. Со државни ресурси „гладијаторот“ Тоше Зафиров држел приватен фитнес клуб којшто директорите на ДУИ и ДПА лажно и го претставиле на јавноста како проект од интерес на студентите. Во 2007 година директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ Азем Садиќи преку медиумите го најавува проектот „Во здраво тело здрав дух“ и најавува фитнес сала за студентите. Впечатокот којшто…