Управата за финансиска полиција по повеќегодишна пауза денеска го достави бараното известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предистрага од 2016 година поврзана со трансакциите, движењето на парите и инвестицијата на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари. Обвинителството истражува можно перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на клучната инвестиција во дебарско – „Маја Вода“. Фирмата…
Во просек секоја година обвинителствата не наоѓаат криминал во над една третина од поднесените кривични пријави од граѓаните, полицијата, државните органи. Ова го покажа анализата на годишните извештаи на јавните обвинителства во период од пет години односно од 2014 до 2018 година. Статистички, најмногу кривични пријави биле отфрлени во 2018 година, дури 41%, и со нив биле опфатени 7313 пријавени лица. Oвие бројки сумарно укажуваат на тоа дека обвинителите не…
Директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски, нема да биде кривично гонет за злоупотреба на службената положба, дознава ИРЛ. Обвинителството за борба со организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава од Управата за финансиска полиција со образложение дека Цветковски не сторил кривично дело и работел законски. Кривичната пријава Финансиската полиција ја поднесе на 21 јуни, а решението за отфрлање како неоснована е донесено на 9 август. Директорот Арафат Муареми…
















