Дивоградбите во „Радика вилиџ“ засега нема да се уриваат. Второстепената владина комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општината Маврово и Ростуше за уривање на девет објекти во „Радика вилиџ“ и ја прифати жалбата на инвеститорот. Причината не е затоа што тие се легални објекти, туку бидејќи градежниот инспектор на општината Маврово и Ростуше изготвил „аматерско“ решение за уривање, надвор од сите прописи и правилници. До општината и до…