Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа…
Во своите говори зборува за режимот на Груевски и криминалната фамилија, но и за иселувањето на младите и НАТО и ЕУ. Низ струмичко се шеташе со партискиот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев, а гостин беше и Љубе Бошковски. Партиите одбројуваат до првиот круг на претседателските избори, кандидатите митингуваат, а граѓаните ги слушаат нивните ветувања. Кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ и уште 29 партии Стево Пендаровски викендов беше во…