Истражувањето на ИРЛ за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, а сторијата ја пренесоа голем дел од медиумите. Реакциите на граѓаните се движат од сарказам и потсмев до револт и разочарување од изборот на советници кои директно му реферираат на Заев. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи. Прочитајте ја серијата стории на ИРЛ за тоа кој му дели памет на премиерот.…
Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев. Истражувачката репортерска лабораторија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиентелистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската Kомисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа…