Press "Enter" to skip to content

Бојан Јовановски не даде исказ, со Брза помош изнесен од Обвинителството

Со возило на Брза помош првоосомничениот во т.н случај „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска беше изнесен од Обвинителството за организиран криминал каде што требаше пред Русковска да дава исказ. Јовановски беше изнесен на носилки до возилото на медицинската екипа која пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски. Кратко потоа, адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски пред медиумите изјави дека Јовановски не дал исказ, бидејќи состојбата постојано му била влошена. „Се случи…

Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков

Изјава на денот „Не постои ниту вина ниту докази дека Митко Чавков сторил кривично дело. Обвинението се темели на една нецелосна реченица дека не била издадена наредба за распоредување дополнителни полициски сили за да се спречи влегување во Собранието“, изјави денес во судот адвокатот Сашо Дуковски додека ги презентираше завршните зборови во одбрана на неговиот клиент Митко Чавков, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок за насилните протести во Собранието…