Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат, вака министерот за отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, им зборуваше на лицата од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска додека новинарите и снимателите наместени ги чекаа за прашања на темата, но и актуелностите како двојната функција на премиерот и тазе министер за финансии Зоран Заев и назначувањето на Садула Дураку во новото министерство…
Владата загoвара формирање на Фонд за медиуми преку кој би се финансирале телевизиите и радијата. Според информациите на ИРЛ речиси два месеца се договараат формите како би одела оваа поддршка. Локалните и регионалните медиуми бараат парите да им се доделат ним, со оглед на лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но од Владата инсистираат во поделбата на колачот да учествуваат и националните телевизии. Намерата ја потврди и министерот за транспарентност…














