Денеска по предоговрите на работните групи за Законот за јавно обвинителство кој утре треба да влезе во собраниска процедура, одговорајаќи на новинарско прашање дали обвинителите од СЈО имаат кредибилитет да продолжат со работа, министерката за правда, Рената Дескоска рече дека секој лично ја сноси својата одговорност и не треба таа да се пренесува на цела институција. Според неа, ако беше така, ќе требаше да не остане институција во нашата држава…