Press "Enter" to skip to content

Артан Груби: Во ДУИ и за пет евра се понесува одговорност

По оставката на заменик-министерот за здравство, Асим  Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта. “Во ДУИ…

ОЈО го истражува случајот со Муса, тој се повлече од Министерството за здравство

Бранејќи ја својата чест како доктор кој им служел на граѓаните над 20 години, на прес-конференција на која доцнеше речиси половина час од закажаното време, заменик-министерот за здравство Асим Муса, поднесе оставка. Одговорноста на Муса како службено лице ја доведе во прашање албанската телевизија „Топ Ченел“, која објави видео како наводно зема поткуп за да направи операција на пациент од Албанија во земјава. Истражувањето на „Фикс Фаре“ кое траело три…

Јанева: Чиста сум и немам никаква вмешаност во случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го…

Груевски на фејсбук најави оставка од пратеничката функција

Поранешниот премиер Никола Груевски кој моментално се наоѓа во егзил во Унгарија на својот фејсбук профил денеска најави дека ќе се повлече од пратеничката функција. Тој вели дека за оваа одлука во наредните денови и формално правно ќе го извести Собранието. „Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат…