Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…
Поранешната новинарка Александра Спасевска во јули стана специјален советник на министерот за економија, а од пред една недела доби уште една државна функција. На предлог на министерот Крешник Бектеши, Владата ја избра за член на Управниот одбор во Агенцијата за енергетика. Спасевска е дипломиран новинар со 12 годишно искуство во новинарската професија. Но, таа освен што се грижи за ПР-от на министерот за економија, отсега ќе треба да носи одлуки…