Press "Enter" to skip to content

Манчевски: Сите вработени во јавниот сектор добиваат покачување од 5%

И министерот Манчевски го потврди покачувањето на платата за 5% на вработените во јавна администрација кои седат дома. Дополнително, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисија на ТВ21, рече дека бројот на вакви вработени се намалувал. „Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува,…

Ивановска: Антикорупциска ќе ги истражува случаите на непотизам

Новиот состав на Антикорупциската комисија кој денес ја имаше првата седница, ќе ги истражува вработувањата на лица блиски до функционерите на СДСМ и ДУИ во ЕЛЕМ и МЕПСО. Претседателката Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање рече дека тие ќе ги истражат овие случаи иако немаат преставки за непотизам. „За ова нема преставки, но законот остава можност ние самите да провериме.  Ќе ја побараме целата документација за синот и братот…