Започна судењето за случајот наречен “Рекет”. Полна судница, инекции дијазепам, барање за оштета од 1,5 милион евра од еден не толку омилен бизнисмен – Јордан Камчев. Чувме драматични говори на Катица Јанева, Вилма Рускоска и Бојан Јовановски. Еден молчелив обвинет призна вина – Зоран Милевски Кичеец. ИРЛ ви ја пренесува атмосферата од судницата. 09:30 Граѓаните се навикнати да гледаат репортери и камери пред Судот, особено по 2016 година кога се…