Во Македонија не само што нема истраги, туку дел од институциите ги спречуваат напорите на новинарите да откријат што се случило и дали земјата има силни механизми да ги заштити граѓаните од оние кои би можеле да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните. Низата настани кои следуваат се дел од макотрпниот институционален пат на ИРЛ да ги добие одговорите за кои што надлежните не се заинтересирани Пишува: Давид Илиески,…
Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е. Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија…
Во време на пандемијата која кај нас досега одзеде 30 животи, а десетици се во опасност, кога стотици фирми ставија катанци на вратите, а илјадници луѓе останаа без работа, Владата во вонредните мерки „протна“ 120.000 евра за Исламската верска заедница и Македонската православна црква. Не ги наслови како помош за ИВЗ и МПЦ во справување со корона – кризата, туку пари од државниот буџет им додели на нивните факултети за…
Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест – како умре пациентот Р.З. Р.З. е локалниот трговец на градскиот пазар во Куманово. Има две деца и сопруга, за кои до пред само два дена тој преставува столбот на нивниот финансиски опстанок. На 31 март годинава Министерството за здравство соопштува дека четириесет и пет годишно лице кое патело од дијабетис и прекумерна тежина починало од вирусот КОВИД 19. Кумановскиот…