Дури и апатичните и безнадежни граѓани со интерес ја следеа борбата помеѓу граѓанското движење против коцкањето и коцкарските корпорации. Интересот на јавноста беше очекуван – трансформацијата на урбаниот пејзаж, во кој доминираат казина, обложувачници и таканаречени продавници за пари, веќе подолго време ги вознемирува и најотпорните на она што се перцепира како дневна политика. Движењето, кое се роди во Мала Речица, а ги освои симпатиите на сите граѓани во земјата,…
Швајцарските тајни од базата на податоци на „Кредит Свис“ ќе откријат матни операции на крупни имиња од светската индустрија на обложување кои се одвивале во Македонија повеќе од две децении. Репортерите на ИРЛ и СТВ откриваат дека сметки во „Кредит Свис“ биле користени да се скрие данок од македонските даночни обврзници, а некои од нив се дел и од актуелно судење за перење пари во гевгелиското казино „Аполонија“. Македонските институции,…