Функционери се изземале од одлуки на Влада поради судир на интереси. Меѓу нив се и премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев. Но, и покрај објавите во медиумите за овие случаи, генералниот секретар не кажува зошто побарале изземање бидејќи ќе настанела повреда на личните податоци, а тие штети ќе биле поголеми од штетите по јавниот интерес. Премиерот, неговите заменици и министрите во владате се изземале од одлучувања на владини седници поради судир…