Со возило на Брза помош првоосомничениот во т.н случај „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска беше изнесен од Обвинителството за организиран криминал каде што требаше пред Русковска да дава исказ. Јовановски беше изнесен на носилки до возилото на медицинската екипа која пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски. Кратко потоа, адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски пред медиумите изјави дека Јовановски не дал исказ, бидејќи состојбата постојано му била влошена. „Се случи…