Press "Enter" to skip to content

Стевчо Јакимовски обвинет за финансиски криминал и незаконско градење

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за Злоупотреба на службената положба и Бесправно градење. Јавното обвинителство за борба со организиран криминал денеска објави дека освен Јакимовски обвинети се уште 10 лица, од кои дел се негови соработници од општината. Екс градоначалникот на Карпош е обвинет дека во периодот од 2011-2017 година повеќе пати извршил злоупотреби при јавни набавки за општината, незаконска легализација на времени објекти од деловен карактер…

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

На поранешниот градоначалник на општина Карпош и лидер на партијата Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ во вторникот навечер му беше доделен куќен притвор. Основниот суд 1 оваа одлука ја донел на барање на одбраната поради, како што соопшти неговиот адвокат, здравствени причини. Јавното обвинителство за Јакимовски побара притвор од 30 дена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината…

Како беше отуѓено и легализирано земјиштето кај „Имес“ и за што е осомничен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски е осомничен за повеќе финансиски малверзации за време на неговиот мандат во општина Карпош. Едно од делата за кои е осомничен е за легализацијата и продажбата на државно земјиште во населбата Карпош 3, кое е откупено од државата за 191.000 евра, а потоа експресно продадено за 600.000 евра. Јакимовски е осомничен за легализација и продажба на земјиштето кое се наоѓа кај поранешниот ресторан „Имес“ во населбата…