Министерството за финансии најави засилени контроли за електронската трговија и онлајн купувањата. Министерката Нина Ангеловска, рече дека ќе има зголемени контроли за поединци и компании кои не се регистрирани во системот, а кои продаваат одредени производи на интернет. Освен ова, Ангеловска додава дека ќе се изработи и конкретен акциски план и платформа каде ќе можат да се пријават нерегистрираните продавачи. Апелира, граѓаните да бидат внимателни што и од каде купуваат…