Граѓаните го препознаваат проблемот и не се задоволни со селективното информирање и неотчетноста на институциите одговорни за справување со енергетската криза. Речиси сите граѓани кои го одговорија прашалникот на ИРЛ се пожалија дека не знаат што презема државниот и политички врв во земјава за да ги намали последиците од енергетската криза. Во поткастот на ИРЛ наместо заложба за транспарентност премиерот Димитар Ковачевски ги советуваше новинарите на ИРЛ да тужат институции…
ИРЛ открива дека потенцијално разорните ефекти кои што инфлацијата ќе ги има врз кревката македонска економија, можеле да бидат во голема мера избегнати доколку водечките политички елити во изминатите две децении се грижеле за стратешките интереси на државата: обезбедување храна и обебедување енергија за своите луѓе. Ништо од ова не се направило поради длабоката корупција и непотизам кои спречиња креирање на здрави јавни политики. Пишува: Горан Теменугов; Дополнително известување: Дајана…