Press "Enter" to skip to content

Депонијата „Дрисла“ од денеска во сопственост на Град Скопје

Депонијата „Дрисла“ од денеска се враќа во сопственост на Град Скопје. По речиси седум години судски постапаки меѓу компаниите кои сакаа да бидат приватен партнер во најголемата депонија на Балканот, Градот Скопје на денешната седница на Советот донесе одлука „Дрисла“ да работи без концесионер и да биде под капата на Градот. Советниците од Градот денеска гласаа за две одлуки. Првата со која бара поништување на одлуката со која е Дрисла…

Со Дрисла ќе стопанисува германско-хрватски конзорциум кој вклучува и Хрвати апсени за организиран криминал

Советот на Град Скопје денеска одлучи да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ и концесијата да се додели на германско-хрватскито конзорциум воден од „Шолц“. „Шолц“ сега е во сопственост на „Чихо Енвајрментал Груп“, една од најголемите кинески компании за рециклирање. Оваа одлука доаѓа  по предлог на Градот којшто по шест години постапи по насоките на Управниот суд кој тогаш пресече  тендерот да  се врати на повторно разгледување. Според…

Германската Шолц и хрватскиот крал на отпадот Петар Припуз влегуваат во Дрисла

По седум години италијанската компанија ФЦЛ Амбиенте заминува од Дрисла без денар инвестиција, а нејзината работа ќе треба да ја продолжи германско-хрватско- македонски конзорциум.  Според информациите од Град Скопје, најдоцна до септември, со работа на депонијата треба да започне конзорциумот составен од  германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше…

Италијанците од Дрисла од Шилегов бараат втора шанса за депонијата

По седум години поминати без да инвестираат ниту едно евро од ветените 73 милиони, сопствениците на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“, на средба со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов барале да добијат уште една шанса да ја модернизираат депонијата. Италијанците затропаа на вратата на градското собрание откако Шилегов најави дека новоформирана комисија ќе избере нов приватен партнер на Градот кој ќе инвестира во депонијата. Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ во понудата која…